Последно ли е ова ветување за крај на изградбата на патот Градско – Прилеп?

Македонија последниве години се изначека конечно да бидат завршени некои сообраќајни делници кои се прават предолго. Веќе легендарна стана (не)изградбата на делницата Кичево – Охрид. А многу влечкање има и на новопредвидениот експресен пат Градско – Дреново – Прилеп.

За време на изборната кампања оптимистичките најави даваше тогашната власт за патот кон градот на тутунот. Тогашните министри од СДСМ Благој Бочварски и Венко Филипче се возеа со автомобил снимајќи предизборни спотови во кои нагласуваа дека експресниот пат наскоро ќе биде завршен оти останало само уште 10-20 проценти од предвидените работи.

Македонија и пред една недела слушна, овој пат од новиот министер за транспорт Александар Николоски дека патниот правец Градско – Прилеп ќе биде готов до крајот на годината.

„Ќе биде завршен до крајот на годинава…“, „Следната година ќе се возиме по новиот пат..“, „Првата делница е завршена 95 проценти, а втората 85 отсто…“, сето ова се најави на државните функционери врзани за изградбата на експресниот пат Градско –Дреново – Прилеп истакна вчера и директорот на Државните патишта Коце Трајановски.

Ќе биде ли така? Претходната власт многу ветуваше, ама…

Колку за потсетување, се работи за патниот правец кој почна да се гради во 2018 и чија прва делница од Градско до Дреново долга 16 километри требаше да биде завршена до крајот на 2020 година…

Претходна вестПолиција во Босна застрела мигрант кој пукаше кон полицајците
Следна вестСДСМ: Приватни возила во поворката со Гаши биле пропуштени без контрола на границата со Косово