Постар маж тешко повреден, го удриле со товарно возило во работилница

79-годишен виничанец e тешко повреден, откако го удриле со товарно возило во работилница. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило, сопственост на В.С., , при што го удрило В.С., информира МВР.

Притоа, В.С. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестТепачка меѓу шест лица во Скопје, се користеле и метални и дрвени предмети
Следна вестМногу се причините зошто мора да има избори есенва