Постигнат договор: Приватните превозници се враќаат на линиите, за долгот ќе се утврдува динамиката

Приватните автобуски превозници на денешнета средба постигнаа договор со скопската градоначалничка Данела Арсовска со кој ќе се вратат во системот на јавниот превоз, а за  долгот кон ни ќед се утврди динамиката.

– Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени, рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, по средбата со Арсовска.

Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.

Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

Засега немаат понуда за кои линии треба да возат, ниту кога точно би почнале, но се задоволни од средбата и велат дека треба да следат насоки.

-Кон нас приватните превозници ЈСП има долг, не градоначалничката. Да почекаме да видиме што ќе се случува понатаму. Се уште трае ревизијата, потенцира Зафировски, истакнувајќи дека нема да има нови блокади на улиците од нивна страна.

Претходна вестДа, Европскиот парламент има многу работа за средување во својот двор…
Следна вестБензините поевтинуваат за два денара, дизелот за 1,5 денари