Посвежо и променливо облачно со локални врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска наутро посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено изразени во западните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен (над 70 км/час).

Утринската температура се движеше од 5 до 13 степени, а дневната ќе биде од 10 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Температурата изутринава изнесуваше 11, а преку ден ќе достигне 20 степени.

 

 

Претходна вестЛафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага
Следна вестТргната таблата на „Блаце“ без албански јазик