Потона брод на кој имало околу 500 мигранти, голем број на жртви

Најмалку 79 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се спасени откако брод на кој имало од 500 до 700 мигранти се преврте во близина на брегот на јужна Грција. Грчката влада соопшти дека ова е една од најголемите мигрантски трагедии во Грција и прогласи тридневна жалост.

Регионален здравствен службеник предупреди на невидена трагедија.

-Бројот на луѓе на бродот беше многу поголем од капацитетот што треба да се дозволи за тој брод, изјави тој.

Бродот потона на околу 80 километри (50 милји) југозападно од Пилос, откако крајбрежната стража соопшти дека одбила помош. Оттаму додаваат дека бродот во меѓународните води бил забележан доцна во вторникот од авион на граничната агенција ЕУ Фронтекс. Никој на бродот не носел појас за спасување.

Грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ објави дека властите контактирале со бродот неколку пати преку сателитски телефон и понудиле помош, но постојано им било кажувано: „Ние не сакаме ништо повеќе освен да одиме во Италија“.

Неколку часа подоцна, околу 01:40 во средата (23:40 GMT вторник), некој од бродот, наводно, ја известил грчката крајбрежна стража дека моторот на бродот се расипал.

Набргу потоа бродот се превртел, а биле потребни само десет до петнаесет минути целосно да потоне, јавува Би-Би-Си.

Претходна вестЧаирчанец со дебело полициско досије е убиениот во синoќешното пукање во Приштина
Следна вестЧествување за 12-те стрелани ваташки младинци