Потрага по лице кое се фрлило од мост на Вардар во Аеродром

Екипи на МВР и противпожарните единици се во потрага по маж кој утрово скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во скопската општина Аердором.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

Центар за управување со кризи соопшти дека на ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак“ на булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

-При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.

Претходна вестГоривата пред ново поевтинување, цените на храната никако да дојдат на ред
Следна вестКовачевски: Јас сум рационален оптимист…