Потврдени се првите два случаи на јужноафриканскиот вид на коронавирус во Хрватска.
Како што изјави епидемиологот Горанка Петровиќ за телевизијата Х1, има зголемување на бројот на заболени од британскиот вид на вирусот.
„Вчера ги добивме резултатите од секвенционирање на тие примероци што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнаа, 60 беа позитивни на британскиот вид, што е 20% од позитивните примероци. Тоа е прилично голем процент. Јужноафриканската варијанта беше потврдена и кај две лица кои се вратија од Африка, од Занзибар“, рече Петровиќ.
Како што неофицијално дознава Индекс, во Хрватска денес се регистрирани околу 520 нови случаи, а тестирани се околу 6.000 лица.