Повеќе опции со новата верзија на мобилната апликација на „Паркинзи на Општина Центар“

Green Pay паричникот е новитетот на најновата верзија на ПОЦ мобилната апликација на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ која од денеска е во употреба со новите функционалности и значителни подобрувања на дизајнот и прегледноста.

Green Pay паркичникот ќе им овозможи на корисниците на Green Pay платежната картичка да вршат трансфер на средства во зелената мрежа во реално време, надополнување на картичката од други платежни картички, увид на секоја трансакција и детален преглед на остварени средства при рециклирање на пластикомати. Мобилната апликација, исто така, овозможува Green Pay картичката граѓаните да можат да ја користат како платежна картичка преку мобилниот телефон.

Мобилната апликација нуди безбедна активна геолокација за прецизно одредување на паркинг – зоната, електронско плаќање паркинг, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите.

Преку новата Green Pay картичка ќе можат да се најавуваат гостински регистрации, а апликацијата нуди пријавување на оштетена урбана опрема на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија, електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, како и многу други поволности.

Апликацијата, која може да се преземе на App Store и Play Store, достапна е и на англиски јазик со цел странските граѓани да имаат можност непречено да ги користат онлајн услугите на претпријатието.

Со првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат два часа бесплатен паркинг, додека жителите на Општина Центар ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на Green Pay картичката.

Претходна вестВо земјава има уште 5.000 дози вакцини, за вакцина чекаат над 430.000 граѓани
Следна вестКараџовски и Комисијата проверуваа дали пратениците може да се вратат во пленарната сала