Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“

Мотоциклист е повреден во соовраќајна несреќа што се случила утрово околу 9.50 часот на улицата „Франклин Рузвeлт“ во Скопје.

Полцијата соопшти дека добила пријава дека на ул. „Рузвелтова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки.

– Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. На местото на сообраќјката се уште се врши увид, соопшти МВР.

 

Претходна вест90 комунални претпријатија алармираат: Ако нема помош од Владата или банкрот или поскапи смети за вода и собирање ѓубре
Следна вестБензините поевтини за 1,5 денари, дизелот со иста цена