Повреден мотоциклист во Скопје

Вчера  во 11.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Бледски договор“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М.(52) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестАрачиновец приведен, возел мигранти меѓу кои и малолетници
Следна вестМицкоски: Македонија не смее да остане зад портите на ЕУ