На 20.03.2021 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“, патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(19) од Скопје.
Во незгодата, А.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.