Повредени 100 полицајци, повеќе од 290 лица уапсени, запалени автомобили, епилог од големите протести во Франција

Повеќе од 290 лица се уапсени, а повеќе од 100 полицајци се повредени во судирите меѓу полицајците и демонстрантите во Франција, соопштија официјални лица. За време на првомајските протести во Франција, според податоците на синдикатот се собрале 2,3 милиони лица, а полицијата навела бројка од околу 780.000 луѓе, пренесе „БФМ ТВ“.

Француската полиција се судри со демонстрантите кои употребија солзавец додека демонстрантите фрлаа молотови коктели, огномети, запалија велосипеди и кршеа автобуски постојки.

Во Лион и Нант се запалени некои возила, а уништени се деловни простории.

– Однесувањето на огромното мнозинство демонстранти кои денеска протестираа на улиците на француските градови, главно во Париз, Лион и Нант, беше мирно и неслучајно, француската полиција се соочи со помала група екстремни насилници кои излегуваат на улици само со цел да се судрат и да повредат припадници на полицијата и крадат, објави денеска на својот Твитер профил францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Според него, париски полицаец е тешко повреден во напад со молотов коктел. Обвинителот во Нант соопшти дека 28-годишен учесник во демонстрациите е тешко повреден и оти засега не се познати околностите на несреќата.

Француските синдикати соопштија дека првомајските протести биле „историски и празнични“ со околу 2,3 милиони луѓе кои учествувале низ целата земја, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 782.000 луѓе се собрале во француските градови на првомајските протести.

Околу 18:00 часот на плоштадот во Париз продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, која употреби водени топови, а потоа интервенираше специјална моторизирана бригада за сузбивање на насилните немири.

Претходна вестБлаже Конески и Ремзи Несими, две нови државни награди предлага Владата
Следна вестСе предлага нов закон за употребата на македонскиот јазик