Три лица се повредени, од кои еден потешко во сообраќајка која се случило вчера на магистралниот пат Охрид-Струга. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.
– На 15.09.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(31) од струшкото село Франгово и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(34) од селото Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.О. и неговиот сопатник А.В.(23) од Велешта, констатирани во Општа болница Струга, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.