Искорната и искршена спомен – плоча, расфрлани букети цвеќе кои вчера беа положени… тоа е денешната слика на Карпалак на локацијата каде вчера беше оддржано чествувањето за загинатите македонски бранители. Фотоси и видео – материјал за тоа како е осквернавено местото на загинувањето на десет македонски бранители на социјални мрежи го објави „Патриотско друштво“. На видеото се гледа како букети цвеќиња се фрлени зад бакнината, а спомен – плочата на која се испишани имињата на бранителите е искршена на неколку ситни парчиња. Се уште не се знае кој е сторител на сквернавењето на обележјето.
Досега нема официјална реакција од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Ова не е за првпат да се искорнува и крши спомен-обележјето на македонските бранители.