Повторно пауза: Апасиев го бара Џафери да ја води седницата – нема причина за спреченост, вели тој

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица бара претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата бидејќи не е спречен за тоа.

По повеќе од еден час продолжи, по што Апасиев се повика на член 60 и 61 од Деловникот за работа на Собранието.

-Согласно овој член став 1 алинеа 2  претседателот на Собранието ги свикува седниците и претседава со нив, и тоа е ставено како право и должност на претседателот. Додека во делот на членот 61 вели дека потпретседателите, тоа сте вие и господинот Мисовски, кој е отстутен му помогаат на претседателот на Собранието и вршат други работи од неговиот делокруг. Ставот 3 вели дека Во случај на спреченост или отсуство на претседателот на Собранието го заменува еден од потпретседателите според однапред утврден редослед при што ќе се води сметка за подеднакво вклучување на потпретседателите, рече пратеникот на Левица.

Според него, Деловникот познава две ситуации тоа е спреченост и отсуство на претседателот.

-Ние видовме дека претседателот Џафери ниту е спречен ниту е отсутен односно тој е присутен во зградава па согласно тоа барам еден час пауза да дојде претседателот и да ја води оваа седница бидејќи не се исполнети деловничките услови тој да отсуствува од истата, рече Апасиев.

Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели по ова даде уште еден час пауза.

Претходно, пауза имаше на барање на заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска откако стана јасно дека опозицијата нема кворум за официјално отпочнувње на седницата и мнозинство за изгласување недоверба бидејќи Кастриот Реџепи од Беса, иако потпишан на иницијатвата, не дојде на седницата.

Во меѓувреме во Собранието пристигнаа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и на Беса Билал Касами.

Претходна вестХоџа најави дека битката продолжува
Следна вестКичеец доби 6 месеци затвор за сообраќајка каде загина човек, адвокат реагира дека делото не било поради „небрежност“