Повторно тензии во парламентот во Косово

Во парламентот на Косово и попладнево повторно дојде до тензии, а пратениците се собраа околу говорницата.

Ова се случува откако претходно денес еден од присутните пратеници фрли шише со вода кон премиерот на Косово, Аљбин Курти.

Најпрво, како што пренесуваат медиумите, се степаа претставникот на Самоопределување Сали Зиба и пратеникот на ПДК Расит Калај, а потоа во тепачката се вклучија Хајдар Беќа од ПДК и уште еден пратеник.

Потоа некој од присутните фрли шише вода кон Курти, пишува „Новости“.

Претседателот на собранието, Глаук Коњуфца изјави дека граѓаните на денешната седница на Собранието ќе проценат кој го започнал конфликтот.

Според него, во интерес на сите е да се надмине оваа состојба.

„Да ја продолжиме седницата онаму каде што застанавме. Дури и Аљбин Курти се откажа од својот говор. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. Ќе одиме на избори кога сакате“, рече тој.

Претходна вестЛина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнирот во Рим
Следна вестПолицијата пронашла 10 лица мигранти во Гевгелија