Повторно висока бројка на починати – 12 за 24 часа и шест од претходните денови, има и 406 нови заразени

Според податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (63, 71, 72, 75, 81 и 85), 2 од Битола (63 и 80) и по едно починато лице од Штип (69), Кратово (71), Струмица (57) и Охрид (55). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, пријавени се уште 6 починати лица со датум на смрт од 8.9.2021 до 3.10.2021 година: 4 од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица на возраст од 59 до 89 години, од кои, 4 се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819, од кои 5.217 во Скопје.

Претходна вестСредношколци од Скопје онлајн ќе учат јазици на своите сограѓани од други заедници
Следна вестОд Козјак извадено тело на давеник