Пожар беснее кај Тиквешко Езеро, зафатена е и борова шума, за МИА потврдија од Територијална противпожарна единица Кавадарци.
Три екипи пожарникари со три противпожарни возила и две екипи од подружницата на ,,Национални шуми” со две возила интервенираат на терен, а помагаат и луѓе од селото Ресава.