Пожар избувна денеска во импровизиран авто-сервис во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари.
Повредени нема, причинета е материјална штета.
– Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески.
Материјалната штета допрва ќе се утврдува.