Пожар во автосервис во Сарај, опожарени четири патнички возила

Вчера во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на 31-годишниот А.С. од село Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на 51-годишниот С.А. од село Сарај и бил користен како автосервис.

Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестМу барале пари по СМС пораки, па му го запалиле автомобилот – кривична пријава за двајца штипјани
Следна вестНеколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки низ земјата