Во текот на вчерашната ноќ избувал пожар во куќа која се наоѓа во централното градско подрачје. Според првичните информации станува збор за материјална шетета, а нема повредени лица. Анкетираните штипјани велат дека од пожарната бргу реагирале и веднаш пристигнале на местото. Жителите во куќата веднаш излегле од неа, а според првичните изформаци прво започнало да гори во задниот дел на куќата, па со тоа имале можност да излезат.
-Тоа е било до 2 саато преку ноќта а не е сега скоро запалено и пожарникарите биле у право време и тоа некој им јавил од граѓаните шо биле покрај улицата и они ногу брзо дојделе. Живеат, имаше една баба стара мислам она имала внукичка некоја, внуката ја разбудува и излеват на време. Нема повредени нема ништо, изгорени – велат штипјани
Од територијалната противпожарна единица известија дека добиле повик во 03:30 минути, веднаш се упатиле кон местотот со едно возило и четири пожарникари. Истите побарале помоѓ при гаснење на пожарот па се дополнила екипата со уште три возила и пет пожарникари. За среќа нема жртви, причината е материјална штета известуваат од штипската пожарна. Моментално има дежурна екипа која е на терен во случај да не избувне друго жариште.Причината за предизвикување на пожарот сеуште е непозната повеќе инофрмации очекуваме во текот на денот.