Пожар во куќа во центарот на Штип, девет пожарникари го гаснеле пожарот

Во текот на вчерашната ноќ избувал пожар во куќа која се наоѓа во централното градско подрачје. Според првичните информации станува збор за материјална шетета, а нема повредени лица. Анкетираните штипјани велат дека од пожарната бргу реагирале и веднаш пристигнале на местото. Жителите во куќата веднаш излегле од неа, а според првичните изформаци прво започнало да гори во задниот дел на куќата, па со тоа имале можност да излезат.

-Тоа е било до 2 саато преку ноќта а не е сега скоро запалено и пожарникарите биле у право време и тоа некој им јавил од граѓаните шо биле покрај улицата и они ногу брзо дојделе. Живеат, имаше една баба стара мислам она имала внукичка некоја, внуката ја разбудува и излеват на време. Нема повредени нема ништо, изгорени – велат штипјани

Од територијалната противпожарна единица известија дека добиле повик во 03:30 минути, веднаш се упатиле кон местотот со едно возило и четири пожарникари. Истите побарале помоѓ при гаснење на пожарот па се дополнила екипата со уште три возила и пет пожарникари. За среќа нема жртви, причината е материјална штета известуваат од штипската пожарна. Моментално има дежурна екипа која е на терен во случај да не избувне друго жариште.Причината за предизвикување на пожарот сеуште е непозната повеќе инофрмации очекуваме во текот на денот.

Претходна вестСтоилковски: ВМРО-ДПМНЕ разговара за ресори кои се од економска и политичка природа
Следна вестКосовец баран по телеграма уапсен на „Долно Блаце“