Пожар во три авто плацеви во Велешта, изгореа над 100 возила

Вчера во 13.35 часот во Полициската станица Велешта било пријавено дека настанал пожар во три авто плацеви во село Велешта, струшко, извести МВР.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во авто плац сопственост на А.Х.(59) од с.Велешта биле опожарени осум патнички возила во возна состојба и 20 неисправни возила, во плац сопственост на П.Х.(39) од с. Велешта биле опожарени околу 80 исправни и неисправни возила, додека во авто плац сопственост на А.Р.(51) од с. Велешта биле опожарени пет возила во возна состојба и еден четирицикл, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Претходна вестВладата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање
Следна вестСончево и топло, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд