Пожарот кај с.Отовица кој избувна вчера е локализиран и изгаснат, а на терен е останата екипа од ТППЕ Велес со тројца пожарникари и едно противпожарно возило поради контрола, соопштија од РЦУК Велес.
Пожарот кај с.Ајватовци, скопско, е локализиран и изгаснат во 20:35 часот и екипите се вратени од терен.
-Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица “Отовица, соопшти вчера МВР.
Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума бил локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствувал во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.