Пожарникарите спасиле 12 лица од лифт наменет за тројца во Велес

Пожарникарите од Велес интервенирале во заглавен лифт во кој можело да се возат најмногу три лица, а внатре имало 12-мина. Луѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето, поставено на секој кат од лифтовите во т. н. социјална зграда во Велес во населбата Тунел, дека може да се возат најмногу три лица, јавува СДК.

-По примена дојава во 21:35 часот за лица заглавени во лифт, Територијалната противожарна единица (ТПП) Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место, од лифтот беа извадени осум возрасни и четири деца, соопштија од Противпожарната единица Велес.

Претходна вестГрадоначалникот Коњановски со иницијатива пожарникарите да бидат наградени
Следна вестМаж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал