Пожарот над Селце на Шар Планина доби сериозни димензии, куќите се уште не се загрозени

Пожарот кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце сè уште е активен, соопшти денеска Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради сериозните димензии кои пожарот ги добил во текот на денешниот ден, како што вели тој, ангажирале и втор полициски хеликоптер.

-Во текот на денешниот ден на лице место гаснат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк „Шар Планина“, но и неколку тимови од Противпожарната единица од Тетово, изјави тој.

Според неговата проценка, во овој момент нема опасност по куќите во селото Селце коешто е оддалечено околу два километра.

-Густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е повеќе од доста од широка. Повеќе од еден километар, рече Ангелов.

За жал, како што рече директорот на ЦУК, немаат на располагање ниту еден „ертрактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување, додаде тој, поради проблемот со пилотите.

Од НП Шар Планина велат дека тие уште од првиот момент се вклучени во гаснењето на овој пожар, но поради големината на опожарениот простор тешко се справуваат со него.

-Пожарот е многу проширен, горат ливади и букова шума, страдаат животни. Изгорени се над сто хектари шуми и ливади, а пожарот продолжува да гори со голем интензитет. Линијата на пожарот е два до три километри и поради ветерот, брзо се шири. Пожарот засега е далеку од селото Селце, но тука во близина има штали и други објекти. Вчера рекоа дека ќе помогнат и луѓето од Селце, но денеска нема никој од нив, изјави Ибраим Дехари, директор во НП Шар Планина.

Претходна вестИма ли јунаци подготвени за ТВ дебата или само се силат, но си седат во својот двор?
Следна вестВанковска: Неправедно е денот за гласањето да биде слободен ден само за јавната администрација