Позитивната листа на лекови чека на нов Управен одбор во ФЗО

Новата позитивна листа на лекови сѐ уште не е готова, оти чекаме да се избере нов Управен одбор во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Според него, нема никаков финансиски проблем за нејзино проширување, ниту, пак, се спорни деветте лекови кои е најавено дека ќе се најдат на неа.

-Нема никаков проблем, има пари, само чекаме да се избере новиот Управен одбор кој се уште не е комплетиран. Од наша страна е испратено пред две недели со согласност од Фондот. Штом ќе има прва седница Управниот одбор на Фондот, позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на Фондот за здравство. Нема голема финансиска импликација, рече Таравари кој денеска беше во посета на Детската клиника каде се промовираше нов дел на невролошки амбуланти и се активираше апарат сонограф, што е за ехо на глава на помали деца.

Таравари најави дека до крајот на годината можно е да има уште еден зафат за проширување на позитивната листа на лекови.

 

Претходна вестУкрадените коњи од Илинденски марш се пронајдени во Кавадарци
Следна вестГостиварец мачел и убивал мачки, дома му нашле остатоци од угинати мачки