Позитивни вести за состојбата со ковид, три нови заразени, но и петмина починати

Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на ковид сите во Скопје.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г). Од пријавените, едно лице  е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150, од кои 484 во Скопје.

 

Претходна вестОд кога Европа е кабаетлија за македонското прашање?
Следна вестСе празнат ковид-центрите: Бројката на пациенти во Скопје падна на 71