Преку Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините, ќе се реконструира познатата скопска Адвокатска улица.
За тоа денеска градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, со одобрени средства во висина од 8.300.000 денари.