Пратениците ќе разгледаат дали Спасовски треба и понатаму да е министер

Пратениците во македонскиот парламент по неодамнешното вакцинриање против Ковид-19 денеска треба да продолжат со 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред. Меѓу нив, како последна, е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.

На седницата сигурно ќе се отворат и многуте други афери и проблеми кои ги има во МВР со кое раководи Спасовски.

Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Претходна вестУтре прскање против ларви од комарци
Следна вестМакедонија во Букурешт ќе игра пред 24.000 гледачи