Пратениците би можеле да се вратат во старата сала за седница и со нормална работа кон средината на мај.
Вакво очекување има претседателот на парламентот Талат Џафери, по вчерашниот почеток на вакцинацијата на пратениците, која би требало да се комплетира за најмалку три недели, со примање на втората доза.
До вчера попладне биле вакцинирани две третини од пратениците. Џафери вели дека, иако на пратениците им било понудено да се имунизираат порано, тие го препуштиле својот ред на ризичните групи.
Во Собранието прво биле вакцинирани собраниските служби оти двајца вработени во службите починале како последица на ковид-19.
Според најавите, владините функционери пак, ќе се вакцинираат во мај, кога во земјава се очекуваат да пристигнат 200.000 кинески вакцини.