Ученици со перформанс формираа македонско знаме на плоштадот во Прилеп, во пресрет на празникот 11. Октомври. Во перформансот кој оваа година е возобновен во Прилеп учествувале околу 1200 ученици од основните и средните училишта.
-После 5 години ја возобновуваме оваа прекрасна традиција на формирање на македонското знаме во центарот на градот, со што родолжуваме со многубројните активности и богатата програма по повод 11 Октомври. Перформанс во кој што учествуваа околу 1200 ученици од сите основни и средни училишта од општина Прилеп, информираше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.