Пребрзото возење ги надмина сите граници, казнети 124 возачи во скопско

Пребрзото возење и вчера беше најчест сообраќаен прекршок на скопското подрачје. Секој втор казнет возач возел над дозволените 50 километри на час и воопшто не ги почитувал знаците за ограничената брзина. Напротив, се чини дека наместо сопирачките дел од возачите пристискале на педалите за гас!

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 124 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…, соопшти денеска полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестТепачка меѓу полицајци во Кривогаштани, прво си разменија пцости па се степаа
Следна вестОбјавен е оглас за работници со 40 часовна работна недела за автопатиштата на „Бехтел и Енка“