Влезница се наплаќа под круша, без фискална сметка, вака туристите влегуваат во опсерваторијата Кокино, открива директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман и на голем број други наши наши атракции и локалитети. Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.
-Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски во интервју за МИА.