За еден час пократок полициски час кој од среда ќе почнува од 21 часот навечер и ќе трае до 05 часот изутрина и отворање на летни тераси на угостителски објекти. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести по денешната седница кој ќе биде испратен до Владата.
Според најновите информации одлуката веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб. Предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.
Во изминатите три недели во Македонија имаше полициски час од 20 часот, како и целосна забрана за работење на угостителските објекти.