Предлогот за скратено работно време на администрацијата покажува колку властите одлепија од реалноста 

И ова ли е нужна реформа на администрацијата?

Ова е катастрофален и крајно несериозен предлог администрацијата во петок да работи само по четири часа. Па, истата таа администрација е неефикасна и со услуга на најниско ниво. И пренатрупана е со партиски кадри, револтирано вели граѓанинот Кире Нацевски 

Шалтер пред кој мора да се наведнете, зад кој нема никој; забрзано лице кое се движи низ хорник и глуми „зафатеност“; чекање да се врати одговорниот службеник; зборовите „дојди утре“… се прва претстава на македонскиот граѓанин за тукажната државна администрацијата. Односно, претставата е дека таа е многубројна, неефикасна во својата работа и дека тоа мора да се смени. Политичарите го знаат тоа и цело време најавуваат реформи, но реформите не ги гледаме. Наместо промени се случува само нови вработувања по партиско-роднински врски.

И дрскоста на властите тука не сопира, најновата се гледа од предлогот да се намали неделното работно време – од 40 на 36 часа, па државните административци во петок би работеле само четири часа. Такво било изборното ветување на владеачаката партија ДУИ. Како реагирал СДСМ не е познато но еве се доби законскиот предлог кој ги шокира македонските граѓани кои не работат во државните јасли.

– Ова е катастрофален и крајно несериозен предлог администрацијата во петок да работи само по четири часа. Па, истата таа администрација е и неефикасна и со услуга на најниско ниво. И пренатрупана е со партиски кадри во зависност од владеачка гарнитура, револтирано вели граѓанинот Кире Нацевски.

Барања да се преполови бројката

Слично мислат и најголемиот дел од граѓаните со кои деновиве контактираше „Македонско ехо“. Основно е тоа што граѓаните сметаат дека администрацијата не треба да се наградува со тоа што ќе работу уште помалку туку треба да се бараат начини како таа да биде оптимална, ефикасна и департизирана.

-Самиот предлог да им се намали работното време на административците покажува колку властите одлепија од реалноста и не ги знаат потребите во Македонија. Си тераат своја агенда за своите луѓе, а се врз грбот на работникот во приватниот сектор, децидна е скопјанката Лилјана.

Политичките партии од избори од избори, ветуваа дека ќе ја намалат државната администрација, но тоа никогаш не се случи. Напротив, се случуваше постојано зголемување на вработените во јавниот сектор. Во 2020 година, според податоците на Министерство за информатичко општество 131.183 лица беа државно вработени.

-Администрацијата е превработена и од активисти на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ… Лично јас, а и сите со кои сме зборуваме не сме ни малку задоволни од нивните услуги. Чест на исклучоците. Имав жив пример, кога се пријавував за еден потпис во Бирото во Велес, госпоѓа-вработена ја имаам чекано 2 часа. Администрацијата треба да се преполови а тие вишокот да се вработат по приватни фирми за да почуствуваат како ни е нас кои работиме и во сабота, смета Игор Ѓорѓиевски од Велес.

И граѓанката Слободанка Камчева е незадоволна од она што го добива од администрацијата која што граѓаните ја плаќаат со свои пари.

-Веќе десет години ми стои необработен предмет за откуп на земјиште под станбена зграда во општина Карпош. Две години е одобрена надокнада на штета од СИЗ за домување, но и тоа е нереализирано. Функционална ли е администрацијата!? Врз основа на која анализа е даден овој предлог? Потребна ни е стручна, функционална и воспитана администрација, потенцира граѓанката Камчева.

Во изминативе години властите најавуваа реформи, намалување, реорганизации… Пред две години тогашниот министер Дамјан Манчевски навести дека Владата ќе помага префрлање на државни административци во приватен сектор. Владата би плаќала придонеси за нив а приватните газди плати. Меѓутоа, овој проект згасна пред и да започне. Во јануари годинава премиерот Зоран Заев најави дека администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните. Претходно, во октомви 2020 година најави дека „администрацијата ќе се намали за 20 проценти“. Но…

Партиски контингенти за гласање на изборите

– Предлогот за администрацијата да работи по четири часа не е воопшто прифатлив за мене. Има револт кај граѓаните кои работат и по 12 часа, а земаат двојно помала плата од администрацијата. Партизацијата треба да се запре во сите сектори. Само делумно сум задоволен од работата на администрацијата, ни рече граѓанинот Јорданчо Цветаноски.

Очигледно, на власта не и се брза со намалувањето на администрацијата сигурно и поради изборите кои во земјава се случуваат на секои две-три години. Во државните јавни служби лани работеа вкупни 131.183 лица, а што е речиси 16 проценти од 793.000 вработени во Македонија. Заедно со членовите на семејствата на државните административци, бројката на овој гласачкиот „контингнет“ изнесува околу 200.000 – 300.000 гласачи, а што е важно за изборна победа или пораз. Освен ова, партиите на власт со вработувањата во државните служби каде платите се движат од 21.000 денари па нагоре секогаш ги наградуваат своите активисти.

-Па таа администрација и онака ништо не работи, па сега уште и да им се скрати работното време? Ако тие не сакаат има други што сакаат да работат па нека го напуштат работното место. Ќе ги замениме ние, тоа се партиски војници и сега пред избори со народни пари се пазаратНие обичните граѓани сме за да се намали администрација бидејќи и вака и така не работат ништо. Тоа е и мислење и на ЕУне е само наше, укажува граѓаниниот Кристијан Величковски.

Граѓаните, очигледно, го кажаа ставот околу предлогот. Останува сега Владата да реши што ќе прави. Заев рече дека ќе почека да види каква ќе биде реакцијата на граѓаните.

Конфузии околу бројките на административци

Во јавноста кружат крајно контрадикторни бројки околу тоа колку, всушност, има вработени во јавниот сектор во државата. Во изминативе година дена премиерот Заев повеќе пати укажуваше дека е намален број на административци од 165.000 колку што изнесувал во 2017 година на околу 132.000. Неодамна, поранешниот шеф на државата Бранко Црвенковски, пак, предупреди дека бројката на државни административци стасала до 197.530 лица од претходните 173.469!

Претходна вестПредизборие: Каде се темите кои го притискаат Скопје?
Следна вестПриведен малолетник од Скопје, фатен додека ограбувал продавница