Предупредување од ЦУК: Можно е излевање на реките Кочанска и Оризарска

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Штип преку РЦУК Кочани синоќа извести дека во кочанскиот регион има обилни врнежи, а со тоа е зголемен преливот на браната од акумулацијата Гратче. Зголемен е и водостојот на реките Кочанска и Оризарска.

Водостопанство Брегалница од Кочани пак информира дека поради врнежите што го зафатиле регионот Пониква и општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, при мерењата во 21 часот на браната Гратче е регистрирано и големо зголемување на дотокот од денешните 1,3 метри кубни во секунда на 4 метри кубни во секунда. Со тоа е зголемен и преливот на браната, а и водостојот на реките Кочанска и Оризарска.

-Предупредуваме на внимателност и подготвеност за ваквата можна состојба, бидејќи ако дојде до поголемо зголемување на водостојот на овие реки во кочанско, можни се излевања во долниот тек на реките и поплавувања на земјоделско земјиште, а и дворови во селата низводно, предупредуваат од ЦУК.

Претходна вестТурчинот осомничен за силување на скопјанка е истиот кој беше условно осуден пред три месеци
Следна вестСите патници на исчезнатата подморница „Титан“ се мртви