Прегазена 73 годишна жена во Кавадарци

Вчера била прегазена 73 годишна жена во Кавадарци. Таа се здобила со тешки телесни повреди.

– На 17.10.2023 во 19.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Кавадарци, удрило во С.Б.(73) од Кавадарци, информираат од МВР.

Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци.

Претходна вестМира Гаќина „на свое барање“ заминува од раководната позицијата на Музејот на современата уметност
Следна вестТешко повредена 28-годишна девојка, автомобилот во кој била излетал од патот