Скопјанец прегазил 86-годишна жена во скопски Чаир. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди.
– Вчера, во 10.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ќемал Сејфула во скопски Чаир, патничко моторно возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А. Н. од Скопје, удрило во 86-годишната Б. Г. од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добила Б. Г., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.