Вчера била прегазена жена во Дебар. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди.
– На 20.06.2023 околу 22.24 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар, патничко моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од О.З.(45) од Дебар, удрило во В.К.(47) од Дебар, информираат од МВР.
Во несреќата, В.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Здравствена установа во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.