Прегазена жена во Прилеп, возачот побегнал од местото на несреќата

На 20.09.2024 во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Претходна вестПронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
Следна вестЈанчев: Премиерот Мицкоски направи увид во градежните работи на Дневниот центар