Прегазено мече во тетовско

На патот кон тетовското село Вејце, утринава, од вработените во Национален Парк „Шар Планина“, било пронајдено угинато мече. Тоа најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа.

– Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк “Шар Планина” пријави дека на локалниот пат кон с. Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител, информираат од МВР.

Екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.

Претходна вестЛевица: Јакимовски во обид шверцерски да се донесе ДУП за Влае 2 и да продолжи со бетонизација на Карпош
Следна вестБраво: РК „Алкалоид“ освои бод во Шпанија, Кире Лазаров даде упатства за последниот напад – ракометарите ги реализираа