Премиерот сака да ја направи Универзална сала, ама немало слух од Град Скопје

Универзалната сала во Скопје уште чека да биде направена. Одамна е полуразрушена, а многу се ветуваше дека же биде направена од страна на Град Скопје.

Сега и Владата многу сака да ја направи. Ама имала проблем.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со реконструкцијата на Универзална сала и предавање на ингеренциите за проектот премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека Владата е спремна да ја почне обновата, но дека Град Скопје нема слух.

-Ние се обидуваме во Скопје да ја направиме Универзална сала, но досега нема слух од Градот Скопје. Градот Скопје е напуштен град, град без управа. Пред две години ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе имаме европски град и дека ќе добиеме мајка на градот која заедно со нив ќе го унапреди градот, дека ќе имаме бесплатен автобуски превоз, електрични автобуси, сообраќајници и мостови. Ако дојдете во Скопје ќе видете дека нема ништо од тоа, истакна Ковачевски во Прилеп.

Тој истакна дека како Влада сакале да помогнат и понудиле помош за некои големи проекти во Скопје.

-Но советниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат слух, рече Ковачевски.

Околу ветените и нереализираните проекти на владата – овој пат не станало збор.

 

Претходна вестМакедонски семејни винарии: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали
Следна вестДимни бомби во албанскиот парламент, според Рама опозицијата го допре дното