Престанете со кавги, работете за доброто на Скопје и скопјани!

Многу валканици во изминативе денови излегоа на виделина во Скопје. За жал, тие не беа само во тони и тони отпад којшто се трупаше изминатиов викенд покрај контејнерите по скопските населби. Ѓубрето кое изминативе години било криено под ќилимите во скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, односно, хаосот и злоупотребите, исто така излегоа на виделине.

И тоа не е крај на валканиците, излегоа и нови: градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, и градоначалниците на Кисела Вода и на Бутел Ореце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски… почнаа со „валкани“ зборови да се обвинуваат меѓусебно.

Тие, во меѓусебните пресметки околу тоа кој и како е виновен за несобирањето на ѓубрето по скопските контејнери, деновиве изговорија многу валкани зборови едни за други. Па така, општинскиот татко на Кисела Вода Орца Ѓорѓиевски ја обвини скопската градоначалничка Данела Арсовска дека воопшто не си ги знае надлежностите и дека е во некаков филм.

поред ваквата логика на Арсовска и непознавање на надлежностите, таа утре може да се разбуди и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува и да апси луѓе по улиците, кажа Ѓорѓиевски.

На ова следеше и одговорот од Арсовска која соопшти дека Ѓорѓиевски е  „функционално неписмен.

За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционериТаков е и примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување, одговори Аросовска.

За да не остане должен, Ѓорѓиевски, пак, и порача дека „во однос на писменоста и познавањето на работата поврзана со градоначалничката функција за Арсовска е, благо речено „Блаже Конески“.

Ништо помалку валкана не беше ниту комуникацијата на скопската градоначалничка со првиот човек на општина Бутел Дарко Костовски кој, пак, Арсовска ја нарече како „изгубен случај кој ги пушта несвесните пиони да шират лажни вести“, и ја повика „побегуљата Данела да излезе и да си го собере ѓубрето“…

Едноставно, многу валкани зборови се шират низ Скопје од оние кои треба да го раководат градот и да го направат чист. Едноставно, по загадија градот не помалку од натрупаното ѓубре.

Скопје и скопјани не ги плаќаат за тоа. Напротив.

Проблемите во градот воопшто не се решаваат туку уште повеќе се усложнуваат и стануваат се подолготрајни. И скопската градоначалничка и градоначалниците и советниците во Градскиот Совет треба да сфатат дека на ваков начин воопшто нема да направат ништо за доброто на граѓаните. Кавгите и конфронтациите мора да запрат и да се прават договори и компромиси за вистинско функционирање во градот. 

 

Претходна вестСкопјанка пријавила дека била нападната, пријавениот дека бил удрен со возило
Следна вестМонодрамата „Бикот на Фаларис“ со Стивен Фридман вечер на „Охридско лето“