Претеруваат ли градежниците со цените на станови?

Цените растат! Овој аларм вришти низ Македонија. Граѓаните се загрижени пред се од покажувањето на основните прехрамбени продукти, но и од повисоките цени на горивата и најавата за поскапа електрична енергија.

Помалку забележливо поминуваат покажувањата на цените на становите. А таму растот е највидлив, најголем. Стан во Аеродром кој вредеше до пред неколку месеци околу 1.100 евра по квадрат, сега се продава за 1.250, па и повеќе. Во Центар и Карпош цените се уште повисоки.

Растот на цените на становите беше евидентен уште од почетокот на оваа година. Немаше реакции, становите и понатаму се купуваа и така полека – полека цените сега се во небо. Квадратен метар чини повеќе и од атрактивни места на море. Дали тоа е новата нормалност, дали Скопје станува само со цените на становите светска метропола? Дали ова драстично поскапување е оправдано?

Оние кои продаваат велат дека тоа се реалните цени и дека причината за скокот се зголемената побарувачка на станови а воедно е намалена понудата. Се објаснува и дека растат цените на градежните материјали.

А што велат граѓаните:

-Градежните компании качуваат цени без мерка. Тоа не треба да ми го објаснува математички никој, очигледно е како се однесуваат за да зграбат атрактивна локација во Скопје, не им е важна екологија, животен простор…, туку само профит. Така е и со цените, ни прокоментира аеродромката Јасмина.

-Да не претеруваат со цените, тоа само имам да го кажам за градежниците. На краток рок може ќе заработат, но осиромашено население нема да биде и во нивен интерес во иднина, вели Драган.

Ќе ги послушаат ли градежните компании односно инвеститорите овие пораки? Размислува ли власта со разни мерки да влијае на намалување на цените? Засега на ова нема одговор, има само најави од градежниците дека очекувале цените уште да растат.

Претходна вестЗначајно намален интересот за вакцинација, призна Филипче
Следна вест14 починати од кои 11 вчера – има нови 490 заразени или 16 отсто од тестираните