Претежно сончево со температура до 9 степени

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 степени.

И на подрачјето на целата земја времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

Претходна вест„Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ – изложба на отворено во четврток
Следна вестВМРО-ДПМНЕ денеска со нови блокади во Скопје: Оставка на Заев, слобода на народот