Претежно сончево со северен ветер, температура до 12 степени

Во скопското подрачје денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност, попладне со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во останатите делови од Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

 

Претходна вестНа 23 и 24 ноември: Петтиот по ред Skopje Photo Week
Следна вестГази Баба ја надмина општина Аеродром по бројот на заразени од вирусот