Претпладне променливо сончево, попладне дождливо со грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со можност за пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за скопското подрачје. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од  17 до 25 степени.

Слично време се очекува и во наредниве денови. 

Претходна вест„Тоде Петревски“ годинава во рацете на карикатуристот Баже Докуле
Следна вестСоветот за безбедност ќе заседава за можно продолжување на вонредната состојба