Претпладне сончево, попладне променливо облачно

На подрачјето на Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Утринската температура се движеше од -1 до 7 степени, а дневната ќе биде од 10 до 20 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата изутринава изнесуваше 2, а преку ден ќе достигне 19 степени.

Претходна вестСпречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Следна вестДенеска и утре изменет режим на сообраќај во Скопје