Темно Режим Светло Режим

Претрес во Аеродром, приведен дилер

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

На 12.02.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода К.Н.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, полициските службеници, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот кај К.Н., на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски ќеси, дигитална вага и дробилка.

К.Н. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот до Основното јавно обвинителство Скопје против него ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Претходниот Пост

Нови земјотреси во Петриња, биле почувствувани и во Загреб

Следниот Пост

Лазаров нов селектор на македонската ракометна репрезентација